L10n:Teams:mk/Style Guide

From MozillaWiki
Jump to: navigation, search

Добрeдојдовте! Оваа страница го претставува официјалниот водич за локализација на македонската заедница на Mozilla. Овде ќе најдете основни информации за локализирање на проектите на Mozilla, за пристапот и правилата за преведување кон коишто се придржуваме.

Нашиот водич за локализација би требало да ви помогне доколку сакате да се вклучите во процесот на преведување, но не знаете од каде да започнете и како.

Први чекори

Пред да започнете со преведувањето ве советуваме да ги разгледате постоечките преводи на проектот во којшто сакате да вклучите. Особено важно е да добиете претстава за начинот на којшто се вршела локализацијата, пред да ја преземете вие или вашиот тим.

Јазик

Локализацијата на проектите на Mozilla за нашиот тим подразбира преведување на литературен македонски јазик.

Пристап

При преведувањето не се користат дијалекти или сленгови и тоа е едно од основните правила кон коишто се придржуваме.

Меѓу другото, важна е и употребата на:

  • идентични поими за идентични елементи,
  • идентичен пристап во идентични контексти,
  • соодветните знаци за интерпункција и
  • едноставни реченични форми.

Цел

Основната цел на локализацијата на проектите на Mozilla е да се овозможи тие да станат попристапни за нашиот регион и да може поедноставно да се користат од луѓето што зборуваат на македонскиот јазик. Тоа значи дека не преведуваме буквално, туку мисловно и се трудиме да го пренесеме значењето, дури и тоа да подразбира целосно менување на определена реченица, испуштање или пак додавање на нови зборови.

Целта ни е да го направиме проектот што го локализираме, поблизок до неговата корисничка група.

Преведување

Преведувањето на различните проекти на Mozilla е овозможено преку различни алатки за преведување, како на пример: Pontoon и Pootle.

Нашата заедница во моментов локализира преку Pontoon - многу едноставна и интуитивна алатка што бара мали технички предзнаење за користење и овозможува контекстуално преведување. Pontoon овозможува локализација на повеќе од 30 проекти и оваа бројка постојано се менува.

Поврзани страници

Корисни страници